• недела, 07 декември 2025

ЕК одобри употреба на генетски модифицираната соја како храна за луѓето и животните 

ЕК одобри употреба на генетски модифицираната соја како храна за луѓето и животните 

Брисел, 4 јули 2025 (МИА) - Европската комисија денес одобри користење на генетски модифицираната соја од увоз како храна за луѓето и животните, но не и нејзино одгледување на територијата на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Како што соопшти Европската комисија, ваквата одлука е донесена врз основа на научната проценка на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) дека употребата на генетски модифицираната соја е безбедна по здравјето. 

- Оваа сеопфатна и строга постапка за проценка обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните, како и на животната средина, се наведува во соопштението.  

Со одлуката, која е со важност од 10 години, се предвидува и дека секој производ на база на оваа генетски модифицирана соја ќе мора да биде проверен согласно строгите правила на ЕУ. Комисијата имаше законска обврска да донесе одлука околу ова прашање, откако земјите членки не успеаја да го обезбедат потребното квалификувано мнозинство за усвојување на предложената регулатива за користењето на генетски модифицираната соја. сп/ 

Фото: ЕФСА

Остани поврзан