• четврток, 19 декември 2024

ЕК нотира дека медиумите во земјава имаат соодветна средина за слобода за критичко новинарство, нагласи Маричиќ

ЕК нотира дека медиумите во земјава имаат соодветна средина за слобода за критичко новинарство, нагласи Маричиќ
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Во најновиот Извештај на Европската Комисија останува оценката дека медиумите во Северна Македонија имаат соодветна средина за слобода за критичко новинарство, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир. -Во делот на слобода на изразување и медиуми, останува оценката дека медиумите имаат соодветна средина за работа која обезбедува критичко новинарство, но ни останува обврската за усогласувањето со правото на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги и реформирање на националниот радиодифузен сервис и подобрување на работничките права на медиумските работници, вели Маричиќ. Оценката во делот на човековите права, како што извести тој е дека националната рамка е на линија на ЕУ стандардите. -Се нотира напредокот во процесот на деинституционализација и родово одговорно буџетирање, како и обезбедувањето поддршка за жртвите на родово базирано насилство. Ни останува обврската за постапување на препораките од Комитетот за спречување на тортура во однос на третманот на лицата во притвор и/или во затвор, истакна вицепремиерот. Во делот на политички критериуми, Комисијата потврдува дека Северна Македонија продолжи со напорите за зајакнување на демократијата и владеењето на правото и покрај некои предизвици. Маричиќ посочи дека Локалните избори во 2021 година се оценети како конкурентни и со почитување на основните слободи, но останува обврската за сеопфатна ревизија на изборното законодавство согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР во инклузивен и транспарентен процес. -Во однос на Собранието, имаме јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата. Се нагласува потребата Собранието да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено за ЕУ реформската агенда и заедно со Владата да работат на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните измени, дополни Маричиќ. ки/ац/

 

Остани поврзан