• вторник, 24 декември 2024

ЕК: ЕУ ќе направи се Русија да не го користи гасот како оружје

ЕК: ЕУ ќе направи се Русија да не го користи гасот како оружје
Киев, 31 јануари 2022 (МИА) - Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис денеска изјави дека гасоводот „Северен поток 2“ дизајниран од Русија е ставен во мирување. Според него, ЕК ја испитува усогласеноста на проектот со европската енергетска политика и посочи дека ЕУ ќе направи се за спречи Русија да го користи природниот гас како оружје. Северен поток 2, кој минува од Русија до Германија и преку Балтичкото Море, беше завршен во септември, но се чека одобрување од регулаторите во Германија и ЕУ за тој да почне да функционира. Домбровскис најави и дека Европската комисија утре планира да одобри пакет финансиска помош за Украина во вредност од 1,2 милијарди евра. зш/

Остани поврзан