ЕК го поздравува ослободувањето на 123 политички затвореници во Белорусија
- „Овој развој на настаните ја зајакнува нашата решителност. Решителноста да ја продолжиме борбата за сите затвореници кои сѐ уште се во затвор во Белорусија, затоа што имаа храброст да ѝ ја кажат вистината на власта“
Брисел, 14 декември 2025 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска го поздрави ослободувањето од Белорусија на лауреатот на Нобеловата награда за мир, Алес Бељацки, опозиционерката Марија Колесникова и уште 121 политички затвореник.
„Овој развој на настаните ја зајакнува нашата решителност. Решителноста да ја продолжиме борбата за сите затвореници кои сѐ уште се во затвор во Белорусија, затоа што имаа храброст да ѝ ја кажат вистината на власта“, напиша таа на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер). ссм/
фото: архива