• недела, 24 ноември 2024

ЕК го поздрави договорот за директивата за заштита на новинарите и граѓанските активисти од неосновани тужби  

ЕК го поздрави договорот за директивата за заштита на новинарите и граѓанските активисти од неосновани тужби  

Брисел, 30 ноември 2023 (МИА) – Европската комисија го поздрави денеска постигнатиот привремениот политички договор меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ за новата директива за заштита на новинарите и активистите за човекови права од неосновани обвиненија или тенденциозни судски постапки, јави дописникот на МИА од Брисел.   

- Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми, па затоа Европската комисија го поздравува политичкиот договор постигнат меѓу Парламентот и Советот, рано изутринава во 2:30, за новата директива за стратешките тужби против учество на јавноста (СЛАПП), што ја предложи Европската комисија во април2022 година, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ЕК за внатрешни работи, миграција и внатрешна безбедност Анита Хипер. 

Таа нагласи дека оваа директива ќе им овозможи заштита  на новинарите, заштитниците на човековите права или граѓанските организации од неосновани тужби и создава систем на моќни процедурални заштитни мерки за прекуграничните случаи на СЛАПП.

Се очекува овие заштитни мерки да им овозможат на судовите полесно да се справуваат со ваквите судски спорови, но исто така имаат и за цел да ги одврати потенцијалните тужители од такви практики. 

Според потпретседателката на ЕК за вредности и транспарентност Вера Јоурова, феноменот на СЛАПП се зголемува во ЕУ, при што богатството и моќта се користат за да се замолчат новинарите и оние кои се обидуваат да ги бранат човековите права.  

- Новиот закон ќе ги одврати оние што сакаат да поднесат такви тужби и ќе ги поддржи жртвите на СЛАПП и ќе им помогне да се борат против нив. Сакаме да ги заштитиме оние кои преземаат ризици со цел граѓаните да бидат информирани за прашања од интерес за нашите општества, посочи Јоурова во реакцијата на постигнатиот договор. 

Првото јавно обвинителство на Европската унија ќе ја започне својата работа на 1 јуни и ќе почне истрага за криминали поврзани со буџетот на ЕУ, соопшти Европската комисија.

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, пак, оцени дека целта на овие судски постапки е да се замолчат и малтретираат лицата вклучени во јавната дебата, било да се тоа новинари, заштитници на човековите права или активисти за заштита на животната средина.  

- Денес постигнавме голем чекор напред за заштита на овие поединци кои играат клучна улога во јавниот дискурс. Ова е важно за одбрана на европските демократии, владеењето на правото и слободата на изразување, вклучително и слободните медиуми, додаде Рејндерс. 

Како што претпладнево шпанското претседателство со ЕУ, директивата, усогласена меѓу Европскиот совет и Парламент има за цел да го спречи растечкиот феномен на користење на судските тужби како средство за замолчување на оние кои говорат за прашања од јавен интерес и треба да воспостави процедурални заштитни мерки против таквите тужби во граѓански парници.  

Според шпанскиот министер за правда Феликс Болањос, со оваа нова законска регулатива ЕУ ќе ги штити новинарите и активистите за заштита на човековите права од неосновани и тенденциозни судски процеси.  

Здружението на новинари на Србија (УНС) регистрирале 90 случаи за 2019 година во кои новинарите и медиумските работници се жалат на напади, притисоци и закани или овие инциденти биле пријавен

- Нашите демократии се во опасност ако богатите и моќните можат преку судовите да ги замолчат нивните критичари, само затоа што зборуваат за прашања од јавен интерес, додаде Болањос.  

Како што наведува Европскиот совет, СЛАПП тужбите обично ги иницираат моќни поединци, лоби групи, корпорации или државни органи со цел да ги цензурираат, заплашат или замолчат критичарите, вовлекувајќи ги во долготрајни и скапи судски постапки се додека не се откажат од изнесување на своите критички мислења или не прекинат со противењето. Типични цели на ваквите тужби се новинарите и заштитниците на човековите права, но на нив можат да бидат изложени и други лица вклучени во јавниот живот, како што се истражувачи или академици.  

Зголемувањето на бројот на овој тип на тужби е евидентирано во повеќе извештаи на Европската комисија за почитување на принципите на владеење на правото во земјите членки на ЕУ, како и во анализи на Советот на Европа.  

Според одредбите од предложената директивата, новинарите и граѓанските активисти можат да побараат од судовите отфрлање на тужбата уште во рана фаза, доколку е очигледно дека таа е неоснована, при што судот мора да ја забрза постапката по ваквите барања на обвинетите.  

Индиски суд денеска изрече смртна казна за 38 лица, поврзани со бомбашките напади во Ахмедабаду, во западниот дел од земјата, во кои во 2008 година загинаа 56 лица, а над 200 беа повредени, ј

Дополнително, новинарите и граѓанските активисти може да побараат лицето или институцијата што ја поднело тужбата да ги сноси трошоците за постапката, вклучително и за нивното правно застапување. Судот, исто така, добива овластување да му изрече казна или други мерки на санкции на подносителот на неоснованата тужба.  

Ако против новинар или граѓански активист кој живее во ЕУ биде покрената тужба во трета земја, членките на Унијата се должни да не ја признаат пресудата или да го одбијат нејзиното извршување, доколку се процени дека таа е очигледно неоснована или тенденциозна.  

За понатамошна поддршка на жртвите на вакви тужби, земјите членки на ЕУ ќе треба да обезбедат единствен систем на информации за процедуралните заштитни мерки и правни лекови.  

Денеска постигнатиот договор сега треба да биде одобрен од страна на Советот на постојани претставници на земјите членки на Унијата (КОРЕПЕР), по што директивата ќе треба и формално да биде усвоен и од страна на Советот на ЕУ и од Европскиот парламент.  

Според Еврокомисијата, кога ќе стапи во сила, оваа директива ќе биде првиот обврзувачки европски правен инструмент против СЛАПП. Нејзиното донесување е поттикнато од апелите на граѓанското општество за преземање мерки на ЕУ по убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција. сп/

Фото: МИА Архива/ЕБС

Остани поврзан