• сабота, 23 ноември 2024

Екстремисти упаднале во село на истокот од ДР Конго и убиле најмалку 20 лица

Екстремисти упаднале во село на истокот од ДР Конго и убиле најмалку 20 лица

Киншаса,  20 април 2023 (МИА) - Бунтовници од Сојузничките демократски сили (ADF), за кои се верува дека се поврзани со Исламската држава, вчера упаднале во селото Самбоко, во Демократска Република Конго, и ги нападнале локалните жители, убивајќи 20 и киднапирајќи уште засега неутврден број селани, изјави претседателот на граѓанската организација Мамове, Кинос Катухо.

Катухо додаде дека војската на ДР Конго ослободила двајца заложници по судирите со бунтовниците.

На истокот на ДР Конго со години наназад трае конфликтот за превласт на териториите богати со руда меѓу повеќе од 120 различни вооружени групи.

Според Обединетите нации, во нападите на АДФ од април минатата година досега се убиени најмалку 370 цивили и стотици други киднапирани, а голем дел од нив се деца. сд/

Остани поврзан