• вторник, 24 декември 2024

Екстремистите го зазедоа клучното пристаниште во Мозамбик

Екстремистите го зазедоа клучното пристаниште во Мозамбик
Мапуто, 12 август 2020 (МИА) - Екстремистите поврзани со Исламска држава по повеќедневни борби денеска го зазедоа пристаништетото во мозамбискиот северен град Мосимбоа да Праја. Владините сили по заземањето на пристаништето побегнале од Мосимбоа да Праја. Екстремистите во изминатите месеци зазедоа поголем број градови во северниот дел на Мозамбик, поради што се раселени десетина илјада луѓе. Пристаништето се користи за испорака на товар за нафтените проекти оддалечени околу 60 километри, во кои се вклучени повеќе нафтени гиганти, меѓу кои и Тотал. ми/

Остани поврзан