• недела, 28 јули 2024

Екстра лесното масло поевтинува за три, а Еуросупер 98 поскапува за два денара

Екстра лесното масло поевтинува за три, а Еуросупер 98 поскапува за два денара
Скопје, 3 ноември 2022 (МИА) - Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3,00 денари, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 денара по литар. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) ќе биде 93,00 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС - 98 е 94,50 за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.са/      

Остани поврзан