• среда, 18 декември 2024

Експлозија со жртви во Пакистан, т.н. Исламска држава презеде одговорност

Експлозија со жртви во Пакистан, т.н. Исламска држава презеде одговорност

Исламабад, 30 јануари 2024 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија што се случи денеска во немирниот пакистански југозападен регион Балуџистан.

Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот преку објава на својот канал на Телеграм.

Експлозијата се случи по митинг на Пакистанската партија Техрик-е-Инсаф (ПТИ) на поранешниот премиер Имран Кан, соопшти високиот полициски службеник Зака-Ул-Хасан, неколку часа откако Кан беше осуден на 10 години затвор поради откривање државни тајни. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан