• недела, 06 октомври 2024

Експлозија во Кабул, се стравува дека има голем број повредени

Експлозија во Кабул, се стравува дека има голем број повредени
Кабул, 6 август 2022 година (МИА) - Во главниот град на Авганистан, Кабул денеска се случи експлозија, и се стравува дека има голем број повредени, јавува Радио Слободна Европа. Експлозијата се случила во прометна улица во западниот дел на Кабул, каде што редовно се среќаваат членовите на шиитската муслиманска заедница. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како возила на Итна помош брзаат на местото на настанот. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот. Вчера најмалку осум лица загинаа, а 18 се повредени во експлозија во шиитски станбен кварт во Кабул. Одговорноста за тој напад ја презеде терористичката Исламска држава. ссм/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан