• недела, 24 ноември 2024

Експлозии и истрели во Картум

Експлозии и истрели во Картум

Картум, 15 април 2023 (МИА) – По неколкудневните тензии помеѓу паравоените сили и суданската армија денеска во Картум се слушаат истрели и експлозии. И суданската армија и Силите за брза поддршка (РСФ) потврдија дека биле нападнати нивните позиции.

Тензиите помеѓу армијата и Силите за брза поддршка (РСФ) ескалираа по пролонгирањето на договорот за повторна демократизација на Судан, постигнат по воениот удар во 2021 година.

РСФ утрово соопшти дека нејзините сили биле нападнати во една воена база во јужен Картум, додека армијата тврди дека борците се обиделе да заземат воен штаб.

Борбата за власт се одвива помеѓу генералот Бурхане и неговиот заменик Мохамед Хамдане Дагло, познат како Хемети.

РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан