• сабота, 23 ноември 2024

Експлозии во два супермаркета во Холандија, сомнеж за терористички напад

Експлозии во два супермаркета во Холандија, сомнеж за терористички напад
Алсмер, 8 декември 2020 (МИА) - Два супермаркета во Холандија, кои се сопственост на полскиот синџир „Биедронка“, се тешко оштетени во експлозии кои утрово одекнаа во градовите Алсмер и Хесвијк Динтер. Во инцидентите нема повредени лица, а станарите кои живееле во зградите над продавниците се евакуирани и времено засолнети. Истрагата е во тек, а полицијата засега не соопштува дали експлозиите во двата супермаркета се поврзани. Градоначалникот на Алсмер, Гидо Ауде Коте изрази сомнеж дека станува збор за „терористичко дело“. - Ова не се случува кај нас. Чудо е како никој не е повреден, истакна Коте, додавајќи дека треба да се почекаат резултатите од истрагата, но и дека не би бил изненаден доколку двата случаја се поврзани. Двата супермаркета, кои го носат името на полскиот синџир „Биедронка“, се во сопственост на лица со курдско потекло. гт/

Остани поврзан