• петок, 20 декември 2024

Експлозиите во Белгород престанале

Експлозиите во Белгород престанале
Москва, 29 март 2022 (МИА) – Експлозиите во селото Красни Октјабр во Белгородската област во Русија престанаа и нема извештаи за жртви меѓу селаните, информира на својот профил на Телеграм гувернерот на белгородската област Вјачеслав Гладков, наведувајќи дека причината за експлозиите сè уште не е позната. Експлозиите престанаа. Според извештајот на селските старешини, меѓу селаните нема настрадани. На местото на настанот пристигнала работна група на Министерството за вонредни состојби. Сега ќе се изврши уште една обиколка на селото за да се утврди евентуална штета. Причината за инцидентот ќе ја соопштам по сите преземени истражни мерки“, напиша Гладков. Руските медиуми претходно јавија дека граната погодила привремен руски воен камп во близина на границата со Украина, наведувајќи дека според првите податоци најверојатно била истрелана од украинска страна. јт/

Остани поврзан