• среда, 18 декември 2024

Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии

Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии

Скопје, 14 април 2023 (МИА) - Експерти од Трезорот на САД ќе дадат поддршка за унапредувањето на капацитетите на Трезорот на Министерството за финансии. Денеска, во Вашингтон, министерот за финансии, Фатмир Бесими потпиша спогодба со заменик помошник секретарот на Трезорот на САД, Џејсон Орландо, со кој се овозможува техничка помош за поддршка на јакнењето на капацитетите во нашиот трезор.Како што соопшти Министерството за финансии, експертите кои ќе работат со колегите од трезорот, ќе дадат поддршка во области како формулирање и реализација на буџет, индикатори на успех, проекции на готовински текови и слично. Експертската поддршка ќе стартува од септември годинава.Залагањата на Министерството за финансии се преку континуирано јакнење на своите капацитети да придонесува кон унапредување во управувањето со јавните финансии. Оттаму, ќе се потпишат договори за експертска поддршка и во други две сфери, стои во соопштението на Министерството.Минатата година со носењето и почетокот на имплементацијата на новиот Закон за буџети, започна најголемата реформа во јавните финансии од осамостојувањето на државата, која предвидува интегрираностна финансисиите, индикатори на успех, и управување со финансиите водено од резултати, додаваат од Министерството. нд/

Фото: Министерство за финансии

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан