• четврток, 26 декември 2024

Еко активисти го чистеа дворот на гостиварската болница

Еко активисти го чистеа дворот на гостиварската болница

Гостивар, 13 април 2024 (МИА) – Волонтери од Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) и членови на Здружението на планински спортови „Шари“ денес го чистеа дворот на гостиварската општа болница од отпадоци. Настанот беше организиран во рамки на одбележување на Денот на добри дела.

Пролетната еко акција за чистење на дворот, патеките и зелените површини се насочени кон зголемување на свеста кај граѓаните за здрава и чиста животна средина.

- Во знакот на добрите дела, активистите и младите го исчистија дворот на гостиварската општа болница. Во акцијата беа собрани 30 вреќи ѓубре. Идејата е да се промовира правењето добри дела во заедницата во која живееме, да се инспирира, да се покаже дека секој поединец може да направи нешто без оглед дали акцијата е голема или мала, рече Катица Михајловиќ од АДИ.

Денот на добрите дела е глобално движење во над сто земји, а во Македонија за прв пат се вклучи оваа година.

Денот на добри дела 2024 е национална акција која се организра со поддршка и соработка на неколку партнери Паблик / Лице в лице, Станица ПЕТ, Совет за превентива против малолетничка деликвенција, Организација на жените на општина Свети Николе, Ротари Клуб Битола Широк сокак, АДИ Гостивар и Младински културен центар – Битола како носител на оваа акција. згм/мч/

фото: АДИ Гостивар

Остани поврзан