• среда, 13 ноември 2024

Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња  во Општина Карпош

Еко автобуска постојка од која што се земаат пакетчиња со семиња  во Општина Карпош

Скопје, 7 јуни 2023 (МИА) - Нова еко автобуска постојка со зелен и воедно одржлив покрив доби градот Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје во рамките на заложбите и активностите на банката за заштита и зачувување на животната средина, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко.

Новата зелeна постојка е лоцирана во Општина Карпош, спроти поранешната фабрика Алумина и истата, освен што има зелен покрив прекриен со растенија, овојпат на граѓаните им ја нуди можноста од неа да земаат пакетче со семиња од различни растенија.

Првата еко постојка Халкбанк ја постави во општина Аеродром пред трговскиот центар Бисер, како прва и единствена од ваков вид во земјава. Постојката што беше поставена пред речиси три години и денес, освен што на патниците им нуди убава заштита од временските влијанија, претставува уште еден придонес кон зголемување на зеленилото во главниот град.

-Зелените постојки се дел од многубројните еко активности организирани или поддржани од Халкбанк АД Скопје и сите тие претставуваат наш придонес за збогатување на зеленилото во земјата, но и за подигање на еко свеста и одговорното однесување кон околината. Овие цели ги промовираме и истите се изразени преку нашата ХалкЕко платформа – во рамките на која заедно со нашиот партнер Мастеркард целиме кон поттикнување здрави животни навики и заштита на животната средина, велат од дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации на Халкбанк. дма/нд/

Остани поврзан