• четврток, 26 декември 2024

Еколошки проект за собирање отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата во Делчево

Еколошки проект за собирање отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата во Делчево

Делчево, 2 јануари 2024 (МИА) - Општина Делчево во партнерство со Нула отпад и ЈКП „Брегалница“ организираат еколошки проект за собирање отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата. За таа цел во рамки на проектот во текот на јануари ќе биде организирана акција за бесплатни преземање на отпадот од домовите на граѓаните.

-Ги известуваме граѓаните дека доколку имаат расипани електронски и електрични уреди од домот или компанијата да се јават на еко линијата 070 236 000 најдоцна до 15 јануари 2024 година и на договорен ден, Нула отпад бесплатно ќе го преземе отпадот од прагот на Вашиот дом или компанија, информираа од Општина Делчево.

Целта, како што додадоа, е заеднички да се заштити животната средина од опасниот отпад.

-За секој предаден апарат се добиваат соодветни ваучери од Техномаркет и Меркур. Вредноста на ваучерот за мали апарати е 100 ден., а за голем уред 400 денари, додадоа од Општината.

За повеќе информации околу реализацијата на проектот ги упатија да ја посетат општинската веб-страница на која точно е наведено каков вид на електрична и електронска опрема ќе може да пријават на посочената контакт линија. вс/мд/

Фото: Општина Делчево

Остани поврзан