• петок, 27 декември 2024

Еколошка акција на рекреативното место „Бабуна “ кај Велес

Еколошка акција на рекреативното место „Бабуна “ кај Велес

Велес, 26  март 2024 (МИА) - ИТ ентузијасти од академијата „Skill Up“ од Велес изминатиот викенд реализираа еколошка акција за чистење на околината на реката Бабуна. Во акцијата беа собрани десеттина вреќи со смет.

Воедно, на повеќе место во околината на реката Бабуна поставија и транспарентни со еколошки пораки кои ги упатија до сите посетители, но и жителите на дивата викенд населба Бабуна, а кои фрлаат и оставаат ѓубре насекаде и ја нагрдуваат реката и прекрасната околина со природни убавини и реткости.

Како што  информираат денеска од „Skill Up“, целта им била да го исчистат рекреативниот центар оваа пролет кога се’ се разеленува и доаѓаат посетителите, а воедно   еколошките пораки да допрат до совеста на несовесните граѓани, конечно да ги сменат нивните  еколошки навики.

-Ако сакаме да бидеме дел од ЕУ,треба да научиме   да ја чуваме нашата животна средина и да не ја нагрдуваме,туку да се грижиме за неа и за нашите поколинија порачаа од „Skill Up академијата“ од Велес.

„Не си патриот ако го закачиш знамето, патриот си ако го фрлиш ѓубрето“, „Биди фраер, фрли си го ѓубрето“, „Не биди токмак, фрли си го ѓубрето“…, се дел од пораките кои ги поставија.

Од Skill Up  порачуваат до сите посетители и жители на дивата населба кај Бабуна  Ви исчистивме на Бабуна (колку можевме, бидејќи вие  сте се надминале) и ви ставивме потсетници да бидете паметни и да  не се расфралет со ѓубре каде ќе стасате.

-Воедно сакаме да ве  иницираме и вас кои доаѓате кај реката  Бабуна, во  наредните пролетни викенди и вие да организираат вакви и слични еколошки акции,порачаа денеска од „Skill Up“.

Бараат од надлежното Министерство конечно во државава да се воведе еколошка полиција која и парично ќе ги казнува несовесните кои фрлаат ѓубре и ја уништуваат природата.ад/фф/

 Фото: Skill Up

Остани поврзан