• вторник, 12 ноември 2024

Еколошка акција во Куманово

Еколошка акција во Куманово

Куманово, 21 март 2024 (МИА) - Со повеќе еколошки активности Општина Куманово денеска го одбележа Денот на екологијата - 21 Март. Ученици од повеќе училишта садеа садници на различни локации во организација на Секторот за образование и Одделението за животна средина од општината, со поддршка на ЈП „Чистота и зеленило“

- Беа засадени зимзелени садници и се собираше отпаден материјал на четири локации: ООУ „Кочо Рацин“, ОСТУ „Наце Буѓони“, СОУ „Перо Наков“ и паркинг на ТППЕ Куманово. Овие активности беа организирани во рамки на кампањата „Куманово мој зелен дом“ и имаат за цел подигање на еколошката свест кај граѓаните, особено кај младата популација, изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.

Во акцијата се вклучија „еко тимови“ од училиштата, ученици и наставници и садеа садници во училишните дворови. Парлелно се спроведоа и акции за собирање отпаден материјал и на четири места има поставени и садови за собирање на кабаст отпад. ам/ар/

Фото: Општина Куманово

Остани поврзан