Екологисти од Неготино алармираат за штетникот боров четник во боровите шуми
- Дипл. инж. агроном Кристина Тодорова, координатор во „Ековита“, истакна за МИА дека постојат биолошки и еколошки методи за контрола, но на граѓанските здруженија и на локалните иницијативи им е неопходна поддршка за дејствување.
Неготино, 6 февруари 2026 (МИА) - Екологистите од регионалниот екоцентар „Ековита“ од Неготино алармираат за присуството на штетникот, таканаречениот боров четник во боровите шуми, на локации во Неготинско, како Гоцевата Шума и Тимјаничката Цуцка.

- Боровиот четник денес е сериозна и директна закана за опстанокот на иглолисните шуми и за здравјето на граѓаните бидејќи шумите се нашите колективни бели дробови. Доколку масовно се рашири присуството на штетникот, се ризикува трајно уништување на шумите, што се природна заштита и бели дробови на регионот. Затоа е неопходно итно институционално вклучување, финансиска поддршка и системски пристап наместо ад хок реакции кога штетата веќе ќе биде направена - предупредија од еколошкото друштво.
Дипл. инж. агроном Кристина Тодорова, координатор во „Ековита“, истакна за МИА дека постојат биолошки и еколошки методи за контрола, но на граѓанските здруженија и на локалните иницијативи им е неопходна поддршка за дејствување.

Од ова здружение на граѓани апелираа до сите надлежни институции да се вклучат најбргу што може во решавање на проблемот со, како што рекоа, неканетиот гостин во боровите шуми во Тиквешко и на други места во државата. свд/са/
Фото: Дарко Најдов