• петок, 27 декември 2024

Еко-акција на РЦУК-Кичево за чистење на дворовите на четири подрачни одделенија

Еко-акција на РЦУК-Кичево за чистење на дворовите на четири подрачни одделенија

Кичево, 8 октомври 2021 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи од Кичево спроведе еко-акција за чистење на дворот пред четири подрачни одделенија, на РЦУК, ДЗС, МО и микробиологија.

- Ние вработените од Регионалниот центар за управување со кризи од Кичево, спроведовме еднодневна еколошка акција за собирање на ѓубрето од пред зградата каде што се лоцирани нашите работни простории. При оваа акција собравме повеќе најлонски вреќи со секаков вид на отпад, од платична амбалажа, најлон кеси, празни пакувања од сокови и други вид на отпад, истакна иницијаторката на оваа акција и директорка на РЦУК, Сузана Тасеска.

Таа посочи дека сега се обезбедени претпоствки да не се повтори досегашниот неред со отстранување на контејнерот лоциран позади зградата.

- За да не се повтори грдата слика од летово, отстранет е контејнерот кој се наоѓаше зад зградата и од каде во најголем дел се носеа  полни кеси со отпад од кучињата скитници. Сега отпадот  од страна на вработените ќе се одлага во контејнерите поставени на улица „Борид Кидрич“, за да не се дозволи кучињата скитници повторно да направат хаос во нашиот двор, рече Тасеска.

Нагласи дека од останатите одделенија изостанала подршка во оваа еко-акција.за/фф/

Остани поврзан