• четврток, 26 декември 2024

Еклстоун: Не е моја вина што сум бел

Еклстоун: Не е моја вина што сум бел
Лондон, 28 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун се обиде да ги одбрани своите коментари од петокот, имено дека црнокожите честопати се „поголеми расисти“ од белците. Формула 1 се дистанцираше во петокот вечерта од противречните коментари на поранешниот шеф. Актуелниот светски шампион во најпрестижните трки, Луис Хамилтон, го прекори Еклстоун за „разочарувачките“ коментари и исто така се дистанцираше од 89-годишниот и од неговото мислење. Но, самиот Еклстон се обиде да додаде гориво во огнот, велејќи дека „не е негова вина дека е бел“ во долго интервју. - Јас не сум против црнокожите - сосема спротивно. Со текот на годините, запознав многу бели луѓе што не ми се допаднаа, но никогаш црна личност што не ми се допаднала. Ме нападнаа неколку пати, еднаш од тројца црнокожи мажи. Јас завршив во болница, но дури и по тој случај не бев против некој што е црн. Не мислам на Луис на тој начин - за мене тој е само Луис. Кога црно или бело лице одбива да работи, треба да се запрашаме која е причината. Дали е тоа заради бојата на нивната кожа, или затоа што не се квалификувани? Тоа е она што се обидов да го кажам. И тогаш луѓето одат на овие протести, организирани од квази-марксисти кои сакаат да ја срушат полицијата, а тоа би било катастрофа за земјата. Ако ги прашате повеќето луѓе зошто протестираат, тие веројатно нема да знаат. Не е моја вина што сум бел, или дека сум понизок од следниот човек. Црните луѓе треба да се грижат за себе, изјави тој.

Тагови

Остани поврзан