Екипи на „Паркови и зеленило“ уредуваат нова зелена површина
- На барање на жителите, Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ се во завршна фаза на подигање нова зелена парковска површина на просторот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“.
Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - На барање на жителите, Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ се во завршна фаза на подигање нова зелена парковска површина на просторот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“.
- На овој потег во центарот на Скопје, долгогодишниот див паркинг на земјена површина се трансформира во новоуреден парк со површина од 1.600 квадратни метри, со нови дрвја и садници, систем за наводнување, летниковци и дополнителни содржини за уживање и рекреација на граѓаните, се наведува во соопштението од Град Скопје.
Градските власти информираат дека продолжуваат активностите за уредување на нови зелени површини и формирање на зелени коридори со цел реализација на проектите од програмата во интерес и на барање на граѓаните. мд/нд/
Фото: Град Скопје