• недела, 06 октомври 2024

Екипите на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ работат на расчистување на снегот

Екипите на Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ работат на расчистување на снегот
Скопје, 6 март 2022 (МИА) - Во координација со Градот Скопје, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ утринава започнаа активности за расчистување на нападнатиот снег, со цел да се овозможи нормално движење на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што информираат градските власти, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје работат со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила - мултикултиватори и патарки за расфрлање на сол. -Се расчистува централното градско подрачје, плоштадот и улица „Македонија“, Старата чаршија, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови во централното градско подрачје, велат од Градот и најавуваат дека активностите за расчистување на снегот ќе продолжат во текот на целиот ден, во согласност со потребата и состојбата на терен.вј/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан