• среда, 13 ноември 2024

Екипа на Итна помош заглавена во лифт во Кисела Вода што паднал најмалку од приземје во подрум

Екипа на Итна помош заглавена во лифт во Кисела Вода што паднал најмалку од приземје во подрум

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Екипа на Итната медицинска помош од Скопје е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода. За ова е добиена пријава на телефонот 112 во 11:22 часот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје. Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа  на Итната медицинска помош. Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот, а пациент немало, бидејќи екипата била на констатација на смрт, прецизираат од ЦУК. 

Претходно ЦУК информираше дека во лифтот е заглавена екипа на Итната помош заедно со пациент. вј/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан