• четврток, 26 декември 2024

Ед Ширан стана татко

Ед Ширан стана татко
Лондон, 1 септември 2020 (МИА) - Ед Ширан (29) и неговата сопруга Чери Сиборн, денеска, на 1 септември 2020 година, го добија своето прво дете. Поп-ѕвездата се пофали со тоа и на Инстаграм.

Тој веднаш соопшти дека тие добиле ќерка и ја крстиле Лира Антарктида Сиборн Ширан.

„Ние сме целосно вљубени во неа. Мама и бебето се справуваат одлично и сме многу среќни... Многу ве сакам и ќе се видиме, кога ќе дојде време да се вратам“, напиша англискиот пејач меѓу другото. Пораката е придружена со слика од чифт мали чорапи.

Инаку, Ед и Чери се доста дискретни во однос на својот личен живот. Младите родители, кои се пријатели од детството, се венчаа на тајна свадба во 2018 година. За бременоста на Чери јавноста и печатот дознаа минатиот месец. си/

Остани поврзан