• четврток, 26 декември 2024

Едукација и корективни мерки во првите шест месеци од примената на новиот Законот за заштита на личните податоци 

Едукација и корективни мерки во првите шест месеци од примената на новиот Законот за заштита на личните податоци 
Скопје, 24 август 2021 (МИА) - Во Министерството за правда денеска се одржа состанок, на кој, како што информираат, бил појаснет начинот за примена на Законот за заштита на личните податоци.Првите шест месеци во неговата  примена ќе бидат искористени за едукација и корективни мерки. Министерот за правда Бојан Маричиќ, информираат од неговиот кабинет, на средбата со претставниците на Стопанската комора на Северна Македонија, Македонската банкарска асоцијација, Сојузот на Стопански комори, како и на Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), по искажаната загриженост од страна на компаниите во однос на спроведување на новиот Закон, појаснил дека во првите шест месеци од стапување во сила, АЗЛП на терен при своите суперевизии ќе делува едукативно, односно со корективни мерки. -Ова се прави со цел на компаниите да им помогне целосно да ги спроведат новите правила. Дополнително, ако супервизорот утврди прекршување на законот, ќе се даде определен рок во кој субјектот треба да ги отстрани неправилностите, се вели во соопштението од Министерството за правда. Агенцијата за заштита на личните податоци, се вели во соопштението, ќе подготви и спроведе обуки за компаниите, а дополнително, ќе се изработи и упатство за правилно спроведување на законот. Ќе отвори и посебна линија за комуникација, која ќе ја користат сите засегнати страни со цел да добијат точни и навремени информации за обврските кои произлегуваат од новиот закон. -По барање на засегнатите страни, во идниот приод ќе се направат и компаративни анализи за висината на казните за прекршоците кои произлегуваат од новиот закон, а доколку се утврди реална потреба за нивно менување, повторно ќе се отвори дијалог, посочуваат од Министерството за правда. Со ваквото појаснување, од Министерството за правда, информираат дека се излегува во пресрет на барањата на компаниите, додека преку новиот Закон ќе се гарантира заштита на личните податоци на граѓаните. аа/лв/

Остани поврзан