• четврток, 26 декември 2024

Едукативна еколошка кампања на „Охридски комуналец“

Едукативна еколошка кампања на „Охридски комуналец“
Охрид, 3 јуни 2022 (МИА) - Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина,  јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денеска почна еколошка кампања со едукација на дечињата во детската градинка „Јасна Ристеска“. Најмладите со еко пароли укажаа како треба да се грижиме за околината, а беа засадени и цвеќиња и дрвца во дворот на градинката. - Покрај примарната дејност на ЈП „Комуналец“ - одржување на јавна чистота на градот во нашата програма за работа имаме планирани активности за зголемување на еколошката свест кај граѓаните, односно активности за заштита и унапредување на животната средина. Токму овој проект има за цел едукацијата да започне од најмладите затоа што иднината е пред нив и тие треба да се грижат и да учат за заштитата на животната средина, истакна директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Најдески. За значењето на животната средина говореше директорката на градинката Ирена Милеска, која посочи дека ќе се грижат за засадените цвеќиња и дрвца и ќе уживаат во убавините што ги нуди природата. - Мора сите повеќе да се грижиме за животна средина, да ја негуваме и цениме оти таа е нашето живеење, нашето постоење. Ќе ги негуваме, ќе се грижиме за нив и ќе уживаме во убавините на животната средина, истакна Mилеска. сс/мд/

Остани поврзан