• недела, 24 ноември 2024

Едукативен настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковните јазици

Едукативен настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковните јазици
Скопје, 23 септември 2021 (МИА) - Во организација на Полио плус – Движење против хендикеп и Парламентарниот институт денеска ќе се одржи едукативен настан по повод одбележувањето на 23 Септември - Меѓународниот ден на знаковните јазици. На настанот ќе биде презентирана „Анализа за практиките на парламентите во однос на заедницата со хендикеп“, подготвена од Полио плус – Движење против хендикеп и Парламентарниот институт. Од Собранието на Република Северна Македонија информираат дека на настанот ќе се обратат Јован Митрески, претседавач на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со хендикеп, Елена Кочоска, Полио плус – Движење против хендикеп, Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Петар Трајков, претставник од Вестминстер фондацијата за демократија (WFD). Раководителот на Парламентарниот институт, Златко Атанасов ќе ги презентира активностите на институтот наменети за вклучување на лицата со хендикеп. фф/са/

Остани поврзан