Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
- Едно лице е повредено вечерва во сообраќајна незгода што се случи на раскрсницата кај „Веро“ во скопската населба Аеродром, јавува МИА.

Скопје, 15 април 2025 (МИА) - Едно лице е повредено вечерва во сообраќајна незгода што се случи на раскрсницата кај „Веро“ во скопската населба Аеродром, јавува МИА.
Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во моментот се врши увид на местото на незгодата.
- На 15.04.2025 во 18.20 часот во СВР Скопје пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа на бул. „Јане Сандански” во Скопје, во која учествувале патничко возило „киа” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ш. (41) од Скопје и патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. (32) од Скопје. В.Ш. е пренесна во ГОБ „Св. Наум Охридски” за укажување помош, велат од МВР за МИА.
Повреденото лице е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и според првичните информации не е во животна опасност. бк/бак/
Фото: МИА