• среда, 25 декември 2024

Едно лице застрелано во немири во Нова Каледонија

Едно лице застрелано во немири во Нова Каледонија

Нумеа, 15 мај 2024 (МИА) - Во Нумеа, главниот град на француската прекуморска територија Нова Каледонија, денеска има пукање, а во текот на ноќта избувнаа немири на улиците и покрај воведувањето полициски час.

Од тројцата повредени кои биле примени на Итната помош, еден починал, дознава БФМ ТВ.

Француската влада одобри измени во гласањето на островот во Тихиот Океан, а пратениците во Париз гласаа за нацрт-законот со кој им се дозволува на француските граѓани кои живеат во Нова Каледонија 10 години да гласаат на локалните избори. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан