• сабота, 23 ноември 2024

Едно лице загина, петмина се ранети во украински напади во Белгород

Едно лице загина, петмина се ранети во украински напади во Белгород

Москва, 2 јануари 2023 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а петмина се ранети во денешните украински напади врз руската област Белгород, соопшти гувернерот на тој регион.

Украинските напади следеа по рускиот напад со околу сто проектили врз Украина.

„Едно лице загина од урнатини кога проектил експлодирал во близина на неговиот автомобил“, напиша на Телеграм Вјачеслав Гладков, гувернер на Белгород, руски регион кој граничи со Украина.

„Во два други инциденти се ранети пет лица“, додаде тој.

Руската армија претходно денеска соопшти дека 17 украински ракети биле истрелани врз пограничната област Белгород и дека сите биле соборени.

Неколку часа претходно, Украина беше цел на десетици руски ракети и беспилотни летала.

Беа погодени станбени области во Киев и во источниот град Харков, при што загинаа најмалку пет лица, а стотици беа повредени. паг/

Фото: МИА архива


  

 

Остани поврзан