• среда, 25 декември 2024

Едно лице загина кога комбе влета меѓу учесниците на ЛГБТ парада на Флорида

Едно лице загина кога комбе влета меѓу учесниците на ЛГБТ парада на Флорида
Мајами, 20 јуни 2021 (МИА) -  Едно лице загина, а едно е повредено во американската држава Флорида кога комбе влета меѓу учесниците на Парадата на гордоста, соопштија денеска локалните власти во САД. Инцидентот се случи на почетокот на парадата на симпатизерите на ЛГБТ заедницата во градот Вилтон Менорс, на југоистокот на Флорида. Засега не е познато дали комбето, кое делувало како дел од поворката, намерно влетало во толпата или станува збор за несреќен случај, соопшти локалната полиција, која го уапси возачот. јт/

Остани поврзан