• сабота, 23 ноември 2024

Едно лице загина во ударот на камион во автобуска станица кај Тел Авив

Едно лице загина во ударот на камион во автобуска станица кај Тел Авив

Тел Авив, 27 октомври 2024 (МИА) – Едно лице загина, а неколку десетици се повредени во денешниот напад, кога камион удри во луѓе на автобуска станица во близина на Тел Авив, за што полицијата се сомнева дека е терористички чин.

Камионот удрил во автобуска постојка во близина на воена база во 10 часот по локално време, соопшти полицијата.

Возачот, кој имал израелско државјанство, бил „неутрализиран“ од вооружен цивил, додава полицијата.

Вкупно 40 лица се повредени, некои потешко.

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и нагласи дека „постои сомнение дека се работи за терористички напад“.

Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачот е израелски Арап од Калансаве, град во централен Израел. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан