Едно лице загина, а 12 се повредени во руски напади на украинските региони Доњецк и Херсон
- Руските сили вчера убиле еден и раниле четворица цивили во областа Доњецк во источна Украина, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на шефот на регионалната воена администрација Вадим Филашкин.

Киев, 15 април 2025 (МИА) - Руските сили вчера убиле еден и раниле четворица цивили во областа Доњецк во источна Украина, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на шефот на регионалната воена администрација Вадим Филашкин.
-На 14 април Русите убија жител на Доњецката област во Покровски. Четири лица од регионот беа повредени во последните 24 часа, напиша тој на Фејсбук.
Шефот на Регионалната воена управа на Херсон, Олександр Прокудин, на Телеграм изјави дека во изминатите 24 часа руските сили нападнале 37 населени места во регионот, при што осум лица, меѓу кои и едно дете, се повредени. мс/
фото: ЕПА