• сабота, 27 јули 2024

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во несреќа на ролеркостер во забавен парк во Шведска

Едно лице загина, а неколкумина се повредени во несреќа на ролеркостер во забавен парк во Шведска

Стокхолм, 25 јуни 2023 (МИА) – Едно лице денеска загина во несреќа во забавен парк во Шведска, а неколкумина се повредени.

Шведските медиуми јавуваат дека во забавниот парк „Грона Лунд“, во Стокхолм, несреќата се случила на ролеркостерот, откако еден се откачил од шините и паднал на земја од височина од неколку метри.

Паркот веднаш бил испразнет.

„Ролеркостер Џетлајн“ достигнува брзина до 90 километри на час и височина од 30 метри. А со него годишно се возеле милион посетители. сд/

 

Остани поврзан