• среда, 18 декември 2024

Едночасовна блокада на патот Прилеп-Плетвар против францускиот предлог

Едночасовна блокада на патот Прилеп-Плетвар против францускиот предлог
Прилеп, 8 јули 2022 (МИА) -  Патниот правец Прилеп-Плетвар од 13:00 до 14:00 часот беше блокиран кај месноста Заполшки мост. Организаторот на протестот ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го нагласи својот став против францускиот предлог. Според Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, францускиот предлог е лош и треба да биде отфрлен. Како што рече, и да се прифати во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против уставни измени. -Овој француски предлог е само еден нов предизвик на патот кон ЕУ што ни носи нови и нови препреки кои можеби ќе траат и повеќе децении. Ако се прифати предлогот во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде против уставни измени, а за тоа во Собранието сега немаат 80 пратеници, изјави Сајкоски.ем/вј/

Остани поврзан