• среда, 25 декември 2024

Едномесечно бебе најмладата жртва од Ковид-19 во Грција

Едномесечно бебе најмладата жртва од Ковид-19 во Грција
Атина, 8 март 2021 (МИА) – Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19 во Грција, откако помина 17 дена приклучено на апарати на интензивна нега во детска клиника, а синоќа ја загуби битката за живот, јави дописничката на МИА од Атина. Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести. По направениот ПЦР тест, било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна префрлено на Одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде што му се влошила состојбата и го загуби животот. Сочувство и жалење за загубениот живот, преку социјалните мрежи изразија грчкиот премиер и министерот за здравство. -За жал денеска ја имавме најмладата жртва од пандемијата во нашата земја. Бебе кое 17 од неговите 37 дена, помина борејќи се со коронавирусот. Вирусот не прави разлика, но денес тагата е неподнослива. Изразувам најискрено сочувство до неговото семејство, напиша Мицотакис. На случајот со бебето заразено со Ковид-19 се осврна министерот за здравство на Грција на пред десетина дена на една од редовните прес конференции за ситуацијата со пандемијата во земјата. ср/ссм/

Остани поврзан