• четврток, 26 декември 2024

Една третина од Словенија ќе добие 5G мрежа до крајот на годината

Една третина од Словенија ќе добие 5G мрежа до крајот на годината
Љубљана, 23 јули 2020 (МИА) – Телеком Словенија почна со воведување на првата комерцијална 5G мрежа во земјата со употреба на постојни базни станици во рамките на фреквенцискиот спектар од 2600 MHz кој се користи за 4G. Компанијата соопшти дека 5G мрежата првично ќе покрие околу 25 проценти од територијата на земјата, и дека до крајот на годината тој процент ќе надмине 33 отсто. Словенечкиот национален телекомуникациски оператор најави дека подобрената 4G/5G мрежа ќе овозможи побрз трансфер на податоци од онаа што ја обезбедува мрежата LTE/4G. Сепак, целосниот потенцијал на 5G мрежата, како што е соопштено, ќе биде достапен само кога ќе се одобри дополнителниот спектар на фреквенции. Досега, Телеком Словенија има надградено 150 базни станици, што опфаќа околу една четвртина од територијата на земјата, а компанијата очекува дека со понатамошни надградби, покриеноста ќе надмине 33 проценти до крајот на оваа година. јт/

Тагови

Остани поврзан