• вторник, 19 ноември 2024

Една жена загина во невреме во Монца

Една жена загина во невреме во Монца

Милано, 24 јули 2023 (МИА) – Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени во Милано во силното невреме што денеска ја погодија северна Ломбардија, јави весникот „Кориере дела сера“.

Во Лисоне (Монца) 58-годишна жена со мароканско потекло загинала додека одела на работа, кога врз неа паднал бор по силен налет на ветер.

Полицајците во тој град спасиле 64-годишна жена која била заробена во подвозник каде водата достигнала три метри.

Според миланскиот весник, телефоните на регионалната противпожарна служба примиле повеќе од 100 повици од вознемирени граѓани кои пријавиле дека налетите на ветерот кршеле и корнеле дрвја кои паднале на патиштата, блокирајќи го сообраќајот во градот.

Нуркачи од Милано спасија граѓанин на Вила Кортезе кој останал заробен во неговата поплавена гаража.

Регионалната железничка компанија Тренорд соопшти дека временските неприлики предизвикале голема штета на железничката инфраструктура. Многу возови беа откажани или доцнеа повеќе од час и половина. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан