• сабота, 16 ноември 2024

Еди Рама планира да се кандидира за четврти мандат: Има уште работа

Еди Рама планира да се кандидира за четврти мандат: Има уште работа

Тирана, 14 октомври 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека планира да се кандидира за четврти мандат, бидејќи има уште работа, иако во претходните мандати се направени големи работи, пренесуваат албанските медиуми.

-Планот е да се кандидирам за функцијата, но дотогаш има време. Верувам дека морам да се кандидирам, бидејќи има уште работа, изјави Рама за телевизијата А2.

„Албанија не беше ниту на мапата, а земјата беше споменувана во лош контекст. Ја надминавме бројката од 10 милиони туристи во земја во која туризмот беше идеја и сон, но не и реалност“, потенцира Рама.

-Тука е и борбата против корупцијата, која мора да стане неповратна, а со цел да се вее нашето знаме во Брисел во текот на оваа деценија, вреди да се кандидирам за уште еден мандат. Тогаш ќе одлучат граѓаните, рече Рама.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан