• недела, 24 ноември 2024

Еди Марфи ѝ се враќа на „стенд-ап“ комедијата

Еди Марфи ѝ се враќа на „стенд-ап“ комедијата
Лос Анџелес, 8 март 2021 (МИА) - Еди Марфи, според многумина, е еден од најдобрите и најпознатите сценски „стенд-ап“ комичари на сите времиња, иако со години не објавил ништо ново на тоа поле. Во последно време, тој ја оживеа и својата филмска кариера, која исто така, „стоеше во место“ со години и се сведуваше на повеќе или помалку успешни филмови закитени и со по некоја „Златна малина“. Во мигов тој е актуелен со најновиот филм „Враќање во Америка 2“ (Coming 2 America) - продолжение на култната комедија од 1980-тите. А, со него, при промовирањето на филмот во најновата емисијата, гостуваше и неговиот колега, комичар и глумец Кевин Харт кој го праша Еди - дали има намера да ѝ се врати на „стенд-ап“ комедијата, и кога? - Мојот план беше да го снимам (филмот) „Долемајт“, да настапам на „Во сабота навечер во живо“, да го снимам „Враќање во Америка 2“ и потоа да се вратам на „стенд-ап“-от. Но, потоа се случи пандемијата... И сè се затвори. Требаше да работам на мојот настап минатата година, но клубовите беа затворени. Еј, кога ќе заврши пандемијава и ќе биде безбедно за настапи, планирам да се вратам, одговори Еди. Пред нешто повеќе од една година, тој имаше кус скеч за емисијата „Во сабота навечер во живо“, каде што, се чини, го пародизира Том Хенкс и неговата улога на Фред Роџерс во „Еден убав ден во соседството“.  си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=whfQf3Pd5bU

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан