• недела, 24 ноември 2024

Единствена Македонија изрази благодарност за признавањето на афтокефалноста на МПЦ-ОА

Единствена Македонија изрази благодарност за признавањето на афтокефалноста на МПЦ-ОА
Скопје, 27 август 2022  Единствена Македонија изразува искрена благодарност до Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. Да потсетиме, Единствена Македонија на 25 мај годинава побара од Руската православна црква признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. И еве, пред два дена ја слушнавме радосната вест од Руската православна црква со која се исправи историската неправда спрема МПЦ-ОА. Таквиот чекор е од исклучително значење земајќи ја предвид водечката улога на Руската православна црква меѓу православните цркви. Врските меѓу Македонската православна црква - Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани низ вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј. Единствена Македонија им порачува на сите негатори на македонската црква, нација и држава дека ќе завршат на буништето на историјата. Центар за комуникации на Единствена Македонија ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан