• четврток, 26 декември 2024

Единсон Кавани нема да игра за Уругвај во септемвриските квалификации

Единсон Кавани нема да игра за Уругвај во септемвриските квалификации
Манчестер, 30 август 2021 (МИА) - Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани нема да и помогне на уругвајската репрезентација во есенските квалификациски натпревари за Светското првенство 2022 година, објави официјалната веб-страница на тимот. Според изворот, одлучено е фудбалерот да не се јавува на репрезентативниот повик поради карантинските ограничувања што се во сила во Велика Британија. Првично, фудбалерот беше вклучен во списокот на повикани играчи за квалификациските натпревари за Светското првенство 2022 година. Уругвај е на црвената листа. Враќајќи се во Велика Британија, фудбалерот ќе мора да помине 10 дена во хотел во карантин. Репрезентацијата на Уругвај ќе игра со Еквадор ноќта на 10 септември. зс/

Остани поврзан