• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Единаесет млади поети ќе читаат на четвртата „Отскочна даска“

Единаесет млади поети ќе читаат на четвртата „Отскочна даска“

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Единаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #4“, преднастан на петтиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнати се 28 пријави, а интерното жири на фестивалот го направило изборот. 

Како што соопшти Скопскиот поетски фестивал, имињата на избраните 11-мина (по азбучен ред) се: Брајковска Елеонора, Василева Сања, Мицковски Васја, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски Борис, Спасовска Бојана, Среткоска Даница, Тасевски Теодор, Трендафилова Дарија и Шапкарова Ана.

Настанот ќе се одржи оваа сабота од 20 часот, во кафе-книжарницата „Буква“, а поетите учесници ќе имаат задача да го одберат најдобриот меѓу нив, кој ќе чита и на официјалното отворање на Фестивалот на 24 април, заедно со другите учесници во официјалната програма.

– Упатуваме голема благодарност до сите што ни ги пратија своите песни за прочит и би сакале да ги охрабриме да продолжат да пишуваат! Праќаме и покана до сите нив да дојдат на настаните во рамките на фестивалот, што со многу љубов и внимание ги подготвивме за публиката, велат организаторите.

Скопскиот поетски фестивал, чиешто петто издание ќе се одржи во периодот од 24 до 26 април, е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Традуки, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, кафе-книжарницата „Буква“, ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Умно, Кајгана и Култура Бета. дма/бак/

Фото: Скопски поетски фестивал

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан