• вторник, 24 декември 2024

Единаесет македонски каратисти на Светскиот куп во Шпанија

Единаесет македонски каратисти на Светскиот куп во Шпанија


Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) – Македонската машка репрезентација во карате денеска отпатува за шпанскиот град Памплона каде од петок до недела ќе настапи на Светскиот куп во екипна конкуренција.
Македонската репрезентација брои осум каратисти во категоријата борби предводена од селекторот Александар Кузмановски, додека тричлениот состав во ката го предводи селекторот Стојан Андриевски.
Македонската репрезентација во ката е дел од групата А во рамки на која прв противник ќе биде Бразил, по што ќе следуваат дуелите против Египет, Италија и Саудиска Арабија.
Групната фаза во категоријата борби, македонскиот состав ќе ја почне против Иран, пред дуелите против Италија, Австралија и хрватска во рамки на групата А. ег

ФОТО: КФМ

 

Остани поврзан