• среда, 25 декември 2024

Единаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори

Единаесетти ден од изборната кампања за претседателските избори

Скопје,  14 април 2024 (МИА) – Со презентација на програмите на средби со граѓани и митинзи, денеска продолжува изборната кампања на претседателските кандидати за првиот круг од изборите на 24 април.

Кандидатот за претседател на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски денеска ќе ги посети општините Старо Нагоричане, Кратово и Ранковце, а митинзи ќе одржи во Крива Паланка и во Куманово, додека кандидатката за претседател поддржана од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во скопските општини Петровец, Центар и Кисела Вода.

Активности денеска ќе има и кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски, кој ќе има средби со граѓани на три пункта во Градски парк во Скопје.

Кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска ќе ја продолжи кампањата меѓу жителите на скопската Општина Аеродром, а вечерта ќе одржи митинг во Кавадарци. 

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски се обрати во Тетово на централен митинг од кој побара поддршка за уште еден мандат. Тој посочи дека политичката структура на власт во изми

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат Стево Пендаровски синоќа на митингот во Тетово посочи дека политичката структура на власт во изминатите седум години има создадено две витални константи на македонската држава, евроатлантските интеграции и меѓуетничкиот соживот, што според него ќе резултираат со членство во Европската унија за неколку години.

-За жал за опструкциите од некои од надвор, меѓутоа најмногу нашата внатрешна политичка опозиција, ја отворивме првата преговарачка конференција за жал застанавме тука... Да не е внатрешната опозиција јас ви гарантирам дека за 4,5 години ќе ги завршиме сите преговори и ќе станеме полноправна членка на ЕУ. Тоа е единствениот пат за развој и единствениот начин да го намалиме иселувањето на младите луѓе најмногу во таа ЕУ. Единствен начин е да дадете поддршка на оваа политичка коалиција, инаку се друго е ризик и враќање назад во темното минато, истакна тој.

Пендаровски му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека веројатно го заменил со неговиот претходник Иванов, откако беше прозван за склучување договор во вилата Водно за нечиво амнестирање.

-Мислам дека на Мицкоски му се привидува нешто. Тој ме заменил со еден што беше пред мене претседател, Ѓорѓе Иванов - тој помилуваше криминалци. Јас криминалци ниту сум помилувал ниту имам намера да помилувам. Нему му е голем страв Груевски да не му се врати од каде што избега, затоа што ако му се врати Груевски се знае кој е правиот газда таму, тој го постави на тоа место каде што е... Значи повторувам – ниту некој пат сум имал намера да амнестирам некого, ниту сум амнестирал, ниту ќе амнестирам. Нека се обрати кај неговиот поранешен претседател Ѓорѓе Иванов, кој патем кажано, е личен пријател со против кандидатката Силјановска Давкова, додаде Пендаровски.

VMRO-DPMNE presidential candidate Gordana Siljanovska Davkova presented her programme at a rally in the Skopje municipality of Karposh, urging women to be increasingly involved in politics an

Кандидатот за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова синоќа во обраќањето на митингот во Општина Карпош ги претстави насоките по кои ќе се раководи во извршувањето на функцијата доколку ја добие довербата од граѓаните. Таа, исто така побара жените повеќе да се занинаваат со политика и со својата посветеност и пожртвуваност да и помогнат на државата.

-Морам да ги охрабрам жените да се занимаваат со политика. Политиката е во женски род. Дури маж и жена прават човек не смее Македонија да се откажува од 50 проценти ум, знаење, креација, посветеност како што сме посветени секаде сигурно ќе бидеме посветени и во негувањето на Македонија, а таа ќе биде горда на нас и на вас сите, рече Силајновска Давкова.

Таа рече дека за неа еден од најважните приоритети е доброто образование и оти нема подобра инвестиција од тоа. 

-Мое решение – во претседателскиот кабинет и околу мене ќе формирам совет за млади. Доста со тезите дека на младите им припаѓа иднината. Младите мора и сегашноста да ја земат во своите раце. Една умна влада, а се надевам дека таква ќе биде бидејќи нема веќе избор – до ѕидот на срамот сме доведени зошто дијагнозата за нас како што гледате на Фридом хаус е што – цикличен хибриден режим, вртење во круг. На тоа мора да се стави крај и мораме да исчекориме, рече Силјановска Давкова. 

Билјана Ванковска, кандидатката за претседател на државата предложена од партијата Левица вчера во Охрид зборуваше за актуелната тема на претседателските избори, а тоа е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав.

- Како иден претседател нема никогаш да дозволам внесување на Бугарите во Уставот, затоа што имам план сосема нов устав. Морам да порачам дека сите бајки за одложено дејство на уставни измени се само замка ќе влеземе исто како со Преспанскиот договор...рече таа.

Ванковска пред охриѓани посочи деканејзината програма предвидува иницијатива за донесување сосема нов устав.

- Последниот збор секако го има Парламентот и двотретинско мнозинство. Меѓутоа, ако низ дебата на консултативен процес со граѓаните направиме како што направи Чиле, со уставотворно, народно собрание да понудиме нов модел на модерен устав ставен на увид на јавноста. Сакате ваков трибалистички, етнонационалистички кој не дели, или сакаме да бидеме држава од 21 век, рече кандидатката на Левица за иден претседател на државата.

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи на  предизборна средба со граѓаните на Охрид им посочи дека на престојните избори тие имаат избор меѓу две алтернативи – интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад.

- Тоа се двете понуди што им се нудат на граѓаните на овие избори. Како кандидат на Европскиот фронт, ја нудам интеграцијата во ЕУ, и тоа во наредните пет години. Заокружување на седум години напор да станеме членка на Унијата. Ако ми успеа како министер да ги отворам преговорите со ЕУ, како претседател можам да ветам дека ќе го заокружам тој процес и до крајот на мандатот да станеме членка на ЕУ, рече Османи. Меѓутоа, како што посочи, Европскиот фронт нуди и соживот, наспроти опцијата што бара 61 пратеник за да се исклучат другите.

Стевчо Јакимовски  кандидатот за претседател од ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ вчера од Крива Паланка порача дека неговите противкандидати Пендаровски и Силјановска-Давкова избегнувале дебата зашто немале сила да се соочат со аргументите за развојот на државата.

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска најави поддршка за младите во општина Карпош преку покривање на трошоците за обука и полагање испит за возачка

-Очигледно дека тие не се во состојба да воспостават дијалог со своите политички конкуренти, коишто гледате, не се тепаме, ниту навредуваме, напротив само сакаме аргументирано да разговараме. Е па како ќе бидат претседатели, како ќе воспостават дијалог меѓу власт и опозиција, како ќе воспостават дијалог за клучни прашања во Република Македонија, ако не се спремни да водат дијалог со своите противкандидати?, рече Јакимовски порачувајќи дека можат да се скријат од дебатите, но од граѓаните на Република Македонија не.

Јакимовски упати порака и до кандидатот за претседател Бујар Османи.

- Господине Османи, можеби фронтот ви е европски, можеби замислата ви е европска, меѓутоа однесувањето ви е балканско, особено при практицирање на власта во Република Македонија... рече Јакимовски.

Се залагаме да ги менуваме сите суштински работи, зашто Македонија 30 години е во кружен тек од двете големи партии со уште посиромашен народ и со политичка елита која троши граѓански пари. Н

Претседателскиот кандидат на Движењето „ЗНАМ“ Максим Димитриевски синоќа од Прилеп истакна дека нам ни треба трета опција и претседател од народот кој ќе работи за народот.

-Се залагаме да ги менуваме сите суштински процеси. Недозволиво е Македонија да биде мултиетничка држава како што некои ја нарекуваат. Македонија треба да гради мултиетничко општество на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во неа, вклучувајќи ги притоа: Албанците, Турците, Ромите,  Власите, Србите, Бошњаците и сите останати. Во оваа држава има место за сите, но притоа треба да се знае: доколку зависеше  оваа држава и нејзината независност од желбата на сите што се околу нас, ние денеска немаше да имаме своја и независна држава. Во последните 30 години со багер се урива сето по ред и ништо ново не е создадено. Се менуваат едните со другите, младите си заминуваат, Македонија старее, а ние остануваме без идеја и без можност за натамошен развој. Затоа сметам дека беше потребно да се формира едно ново движење од граѓаните, како што е звижењето ЗНАМ, рече Димитриевски.

Worth It coalition presidential candidate Arben Taravari held Saturday a rally in Kumanovo, seeking the people's support in the presidential race.

Кандидатот за претседател од Коалицијата Вреди, Арбен Таравари заедно со кандидатите за претеници, вчера организираа митинг во Центарот за култура Куманово. Од граѓаните ја побараа поддршката за претседателскиот кандидат.

Во изјавата за медиумите, Таравари истакна дека по Рамазан ова е прв поголем настан со граѓаните и рече дека ќе ја побара поддршката од кумановци.

- Ќе ја презентираме програмата, четирите столбови коишто веќе јавно се кажани, европска интеграција, правна држава, сигурност и безбедност на државата и консензуална демократија, рече Таравари.

Во однос на кампањата, кандидатот за претседател Таравари рече дека досега е коректна со одредени притисоци на администрацијата. дма/сст/

 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан