• сабота, 23 ноември 2024

Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка поради скршеница на дланката

Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка поради скршеница на дланката

Рио де Жанеиро, 20 мај 2024 (МИА) - Голманот на бразилската репрезентација и Манчестер сити, Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка, објави прес-службата на Бразилската фудбалска конфедерација.

На 16 мај се дозна дека по натпреварот со Тотенхем (2:0) на голманот му била дијагностицирана скршеница на десната дланка.

Местото на Едерсон ќе го заземе голманот на Сао Паоло Рафаел. 

Копа Америка ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан