• сабота, 27 јули 2024

Еден повреден во вооружен инцидент во Чаир

Еден повреден во вооружен инцидент во Чаир

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи го потврди за МИА вооружениот инцидент што синоќа се случи во скопската општина Чаир во кој едно лице е повредено.

-Вчера во  21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ГОБ „Наум Охридски“ бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Дел од медиумите синоќа објавија дека средба за помирување меѓу две семејства завршила со меѓусебна престрелка во Чаир. вг/цр

Фото: МИА Архива

Остани поврзан