• вторник, 24 декември 2024

Еден загина, а четворица се ранети по руско гранатирање на железничка станица во Херсон

Еден загина, а четворица се ранети по руско гранатирање на железничка станица во Херсон

Киев, 26 декември 2023 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а четворица се ранети денеска како резултат на руско гранатирање на железничка станица во Херсон, јужна Украина, каде цивилите се подготвувале да го напуштат градот, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко, пренесе БТА.

-Херсон, оваа вечер. Околу 140 цивили чекаат на станицата да тргне возот за евакуација. Во овој момент непријателот започнува масовно гранатирање на градот, рече Клименко на Телеграм.

Еден полицаец е убиен, а двајца цивили и двајца полицајци се ранети од шрапнели, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот „таму имало многу цивили“. Сите служби (итни и спасувачки) се веќе на лице место, додаде тој.

Украинската железничка компанија „Укрзализна“ на „Телеграм“ извести дека станицата и возот се оштетени.

-Ситуацијата е под контрола и станицата е подготвена да продолжи со работа, уверуваат од компанијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан